Чаша млеко со 2 проценти млечна маст ќе ви обезбеди 20 проценти од вкупната дневна потреба за протеини

Чаша свеж сок од портокал оди со најчестата слика за здрав појадок и за многумина е неопходен дел од утринската рутина.

Но, дали сте се запрашале дали тоа е навистина најдобриот избор?

Сок од портокал

Чаша сок од портокал содржи просечно 110 калории и ќе ви обезбеди дневна доза на витамин Ц, антиоксиданс кој ја штити кожата од сонцето, а мозокот од опасните супстанции што се наоѓаат во загадениот воздух. Сепак, премногу сок од портокал може да предизвика оштетување на забната глеѓ.

Неодамнешна студија спроведена во Институтот за орално здравје „Истман“ на Универзитетот во Рочестер покажа слабеење на забната глеѓ за дури 84 проценти кај луѓето кои пиеле сок од портокал пет дена по ред. Другите овошни сокови имаат сличен ефект поради киселината што ја содржат, а многу полош избор е пиењето разни газирани пијалоци и енергетски пијалоци.

Млеко

Чаша млеко со 2 проценти млечна маст ќе ви обезбеди 20 проценти од вкупната дневна потреба за протеини и една третина од потребната дневна количина на калциум.

Неодамнешна студија покажа дека луѓето кои пијат чаша млеко наутро чувствуваат помалку глад до ручек. Калциумот помага во регулирањето на хормоните кои ја контролираат телесната тежина и не е толку „агресивен“ за вашите заби како сокот од портокал.

Експертите советуваат дефинитивно да изберете органско млеко, од домашно одгледување без антибиотици и додадени хормони за раст, бидејќи таквото млеко ќе ви обезбеди иста количина антиоксиданси како сокот од портокал.

Органското млеко содржи 75 проценти повеќе бета-каротен, 50 проценти повеќе витамин Е, антиоксиданс кој го зајакнува имунолошкиот систем и може да биде ефикасен во борбата против некои видови рак и срцеви заболувања, два до три пати повеќе лутеин и околу 70 проценти повеќе омега-3 масни киселини.

Значи, заклучокот на експертот: Пијте млеко за појадок!