Филетите од пиперки се подготвени за само 10 минути – без конзерванси, без пастеризација и без долго варење.
Ако ја сакате зимницата, а не сакате да изгубите премногу време за неа, овој рецепт ќе ве воодушеви. Едноставната постапка гарантира дека пиперките ќе останат крцкави, сочни и совршено зачинети, а вие ќе уживате во нивниот вкус цела зима.
Потребни состојки:
-
1 кг пиперки
-
неколку зрна бибер
-
6 чешниња лук
-
1 ловоров лист
-
1 лажичка шеќер (во секоја тегла)
-
2 лажички сол (во секоја тегла)
-
4 лажици алкохолен оцет (9%, во секоја тегла)
-
врела, зовриена вода
Подготовка:
Измијте ги пиперките, исчистете ги и исечете ги на филети. Редете ги во чисти и стерилизирани тегли, додајте неколку зрна бибер, чешне лук и лист дафин.
Во секоја тегла додајте шеќер, сол и оцет, а потоа прелијте со зовриена вода до врв. Затворете ги теглите со капак, превртете ги наопаку и оставете ги да се изладат.
И тоа е сè – вашата брза зимница е готова за само 10 минути!
