Србинот Милован Миќа Стојановиќ бил Титов готвач цели 25 години.
За неговиот квалитет не зборува само оваа референца, туку и фактот дека бил двоен светски шампион во готвење, како и еден од пионерите на угостителството и туризмот во тогашната СФРЈ.
Миќа Стојановиќ бил и дипломатски готвач, човек кој осмислил бројни домашни специјалитети, како што е Караѓорѓевата шницла, и ги сервирал на најпознатите државници, политичари, амбасадори и јавни личности од тоа време.
Стојановиќ, како секој вистински мајстор, не бил себичен, па со задоволство ги делел своите кулинарски знаења и одлични рецепти, иако веруваме дека понекогаш знаел да задржи по некоја тајна за себе. Своевремено за „Политика“ открил рецепт за ајвар, па да видиме како славниот Титов готвач го подготвувал овој традиционален специјалитет.
Рецепт на Титовиот готвач за најдобар ајвар
Состојки:
-
10 килограми пиперки
-
3 килограми модар патлиџан
-
5 децилитри масло
-
10 лути пиперчиња
Подготовка:
Пиперките и модриот патлиџан се печат на скара или во рерна, се лупат, се вадат семките и се мелат на машина. Сместата се посолува и на врело масло се пржи додека не испари водата, а потоа се додава половина децилитар есенција.
Кога ајварот се става во тегли, одозгора се полева со врело масло и се затвора. Лук, по желба, се додава подоцна, пред сервирање; во спротивно, ајварот од овој состојка може да прокисне во оставата!
