Поради едноставната подготовка и долгиот рок на траење, многумина ја чуваат преку целата зима како вкусна и ароматична зимница.

Потребни состојки:

  • 3 кг моркови

  • 3 кг пиперки везенки (долги или кратки); доколку пиперката е премногу лута, можете да користите комбинација: 2 кг лути и 1 кг благи пиперки

  • 10 главици лук

  • 1 литар масло

  • 6 лажици шеќер

  • 5 лажици сол

  • 50 мл есенција

  • 1 конзерванс (5 г) – по желба

Подготовка:

Морковите и пиперките исчистете ги и изрендајте ги или исечкајте ги на тенки ленти. Лукот ситно исечкајте го или изgnечете го. Во голем сад измешајте ги морковите, пиперките и лукот. Додадете масло, шеќер, сол и есенција. Добро измешајте за состојките да се соединат. По желба додадете конзерванс за салатата да трае подолго.

Ставете во стерилизирани тегли, добро затворете и оставете да отстои неколку дена пред да ја послужите, за да се поврзат вкусовите.

Лутата салата од моркови одлично се комбинира со печено месо, варени јадења, но и како вкусен додаток во сендвичи.