Еден маж, кој е во брак повеќе од 20 години, ја сподели својата приказна во рубриката на „Гардијан“, барајќи совет од психотерапевтката и животна советничка Вера Барбери. Неговиот брак, како што вели, се претворил во постојани кавги, напнатост и размислувања за развод, но сопругата одбива да се разделат.
„Последниве години постојано се караме. Поводите често се банални, но штом не се согласиме околу нешто, ми вели дека сум тврдоглав и безчувствителен. Секоја расправија ескалира со навредливи зборови, каде што ме нарекува незрел и арогантен, а вината за сè паѓа на мене,“ раскажал сопругот.
Пробал да разговара со неа, дури ѝ пишувал мејлови со свои чувства, но никогаш не добил одговор. Предложил брачно советување, таа отишла само четири пати, а потоа рекла дека не сака да продолжи затоа што мисли дека тој бара трета личност која ќе ги потврди неговите ставови.
„Ѝ реков дека можеме да се разведеме ако смета дека не сме еден за друг, но таа никогаш не прифати. Се чувствувам заробен во врска која не нè усреќува ниту мене ниту неа,“ признал тој.
На годишнината од смртта на својот татко, отишол на гробишта да запали свеќа. Таму му пријде локален свештеник.
„Оче, не знам што повеќе да правам. Таа ми го загорчува животот секој ден, а кога ќе се обидам да најдам решение, само правам полошо. Се чувствувам исцрпено, несреќно, изгубено,“ рекол мажот.
Свештеникот го слушал внимателно, а потоа длабоко воздивнал и изговорил зборови кои го потресле:
„Таa жена е ѓавол.“
Мажот останал без зборови. Очекувал утеха, совет за трпение и молитва – но не вакви зборови. Свештеникот продолжил: „Нема мир во куќа каде жената е камен на сопнување. Ти се обиде сè, но таа не сака да се менува. Живееш во кафез од кој мораш да најдеш излез пред да се изгубиш целосно.“
„Ова се знаци на емоционално злоставување“
Психотерапевтката Вера Барбери ја анализирала неговата исповед и посочила на неколку клучни проблеми.
„Од вашето писмо се гледа дека сè уште имате надеж дека работите ќе се сменат, но сигурно е дека сакате промена. Таа може да биде во рамките на овој брак или надвор од него,“ напишала таа.
Барбери предупредила дека во неговото сведоштво има елементи на емоционално злоставување: постојани расправии за ситници, постојани навреди и негирање на неговите чувства.
„Ако партнерот одлучно одбива каква било помош и не сака да го менува своето однесување, а вие трпите постојани обвинувања и навреди – можеби е време да размислите за својата иднина,“ рекла таа.
„Луѓето често остануваат во лоши врски од страв од непознатото, но ни на 60 години не е доцна да си овозможите живот исполнет со среќа, а не со постојани кавги,“ заклучила психотерапевтката.
