Од утре започнува да функционира новиот автоматизиран систем на Министерството за внатрешни работи, кој ќе ги бележи сообраќajните прекршоци преку мрежата од „Сејф сити“ камери. Системот „Безбеден град, безбедна држава“ долго време беше најавуван, а сега конечно влегува во употреба.

Во првите недели – до Нова година – граѓаните нема да плаќаат казни. Овој период ќе биде само пробен, а возачите ќе добиваат предупредувања за направените прекршоци.

Од јануари, системот ќе работи без исклучок и сите документирани прекршувања ќе резултираат со парични казни.

Како што објасни портпаролот на МВР, Гоце Андреевски, санкциите ќе се изрекуваат согласно дозволената брзина на движење на возилата – без разлика дали прекршокот е направен во населено место или надвор од него. Толеранција нема да има.

Со ова МВР најавува построга контрола и поголема безбедност на патиштата низ државата.