Управата за јавни приходи информира дека исплатата на средствата од мерката МојДДВ за скенираните фискални сметки во третиот квартал од 2025 година не е стопирана ниту откажана – процесот продолжува.

Технички проблем го забави дел од процесот

При изработката на дел од спецификациите се појавил технички проблем кој бара целосна преработка. Ако во една пратка постои корисник кој променил банка или трансакциска сметка, системот ја враќа целата група налози и средствата не се исплаќаат за никого во таа група.
Овој проблем веќе е идентификуван и надлежните служби активно работат на негово надминување.

Исплатите течат – за останатите ќе следуваат штом заврши преработката

Граѓаните со валидни и потврдени податоци веќе ги добиваат своите средства. За останатите, исплатата ќе биде реализирана веднаш по завршување на техничката корекција.

Апел до граѓаните: Ажурирајте ги податоците навреме

Доколку правите промена на банка или трансакциска сметка, потребно е веднаш да ги ажурирате податоците во системот. На тој начин ќе се избегнат одложувања во иднина и ќе се обезбеди навремена исплата за сите корисници.