Камерите од системот „Безбеден град“ вчера во само 12 часа регистрирале околу 65.000 сообраќајни прекршоци во првиот ден од едномесечниот пробен период. Овој систем од 1 јануари ќе почне целосно да се применува согласно новиот Закон за сообраќај, со цел да ја зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Во текот на првиот ден, преку СМС и е-пошта до сопствениците на возила беа испраќани само опомени, без наплата на глоба. Во пораките имаше линк до електронски записник и платен налог, каде што се гледа точниот прекршок и висината на предвидената глоба.
Системот е доволно чувствителен што регистрира и возење од 51 km/h на место каде што ограничувањето е 50 km/h, што веќе предизвика бројни реакции меѓу возачите.
