АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта во моментов се одвива без поголеми застои, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се регистрирани на Попова Шапка, но засега не го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот.
Од АМСМ апелираат возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат особено внимателни при управување со возилата, особено на патиштата кои минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои зголемена опасност од одрони.
Како критични се посочуваат делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Дополнително, порталот Каменица.мк објави дека на патниот правец Кочани – Македонска Каменица паднала огромна карпа, поради што возачите се повикуваат на крајна претпазливост при движењето по овој дел од патот.
