Иако не влезе во финалето, нејзиното име одекна повеќе од многу победнички.
Додека повеќето натпревари за убавина се сведуваат на познати лица и очекувани стандарди, понекогаш се појавува жена која целосно го менува фокусот – без скандали, без помпа, само со својата автентична појава. Токму тоа се случи во изминатите недели, кога социјалните мрежи беа преплавени со видеа од Наја Матилда Росинг, претставничка на Гренланд на изборот за Miss Grand International 2024.
Иако не влезе во финалето, нејзиното име одекна повеќе од многу победнички.
Видео-снимките на Наја Матилда се проширија низ интернетот.
Нејзината несекојдневна убавина, силниот поглед и природната харизма предизвикаа прашања ширум светот: која е оваа жена и од каде доаѓа?
Одговорот е исто толку фасцинантен колку и нејзиниот изглед.
Наја Матилда Росинг, позната и како Наја Мароси, има 26 години и потекнува од Нука, главниот град на Гренланд. Земја на сурова природа, лед и тишина, но и силен идентитет кој се гледа во секој нејзин гест.
Нејзиниот живот е спој на различни култури. Татко ѝ е Гренланѓанец и поранешен ракометар, додека мајка ѝ е Данка која одлучила да го продолжи животот токму на Гренланд. Особена димензија на нејзиниот идентитет ѝ дава и очухот од Судан.
Наја со гордост го истакнува своето инуитско потекло, нагласувајќи дека токму тоа ѝ го обликувало погледот кон светот и силата што ја носи на сцената.
Патот од локална титула до светската сцена
Светот на изборите за убавина ја запозна нејзе релативно скоро. Нејзината кариера започна во 2023 година, кога ја освои титулата Mis Frederiksberg. Иста година се натпреваруваше и на изборот за Mis Danmarks, каде го освои четвртото место и ја понесе титулата втора придружничка.
Тоа ѝ ги отвори вратите кон меѓународни натпревари. Таа ја претставуваше Данска на изборот Miss Intercontinental 2023 во Египет, каде се пласираше меѓу 22-те најдобри натпреварувачки, потврдувајќи дека не е минливо лице, туку сериозно име во светот на убавината.
Историски момент за Гренланд
Најголемиот чекор во нејзината кариера се случи во септември 2024 година, кога беше избрана за Miss Grand Greenland. Со тоа направи историја – стана првата жена која некогаш го претставувала Гренланд, автономна територија на Данска, на престижниот избор Miss Grand International. Големото финале се одржа на 25 октомври во Бангкок. Во конкуренција од 68 кандидатки од целиот свет, Наја не се пласираше во финалето, но остави силен и траен впечаток – и кај публиката, и кај модните и бјути кругови.
„Трампе, јасно ни е!“
На мрежите, секако, во духот на актуелните политички случувања и барањата на Доналд Трамп за Гренланд, се појавија коментари кои ја вратија оваа мисица во актуелност. Многу коментари под нејзините фотографии и видеа беа упатени кон претседателот на САД:
„Трампе, сè ни е јасно“; „Сега ја разбирам опсесијата со Гренланд“; „И јас сакам Гренланд“.
И таа им порача нешто
Наја не остана немоќна кон ситуацијата и вирусната популарност на нејзините фотографии и видеа:
„Гренланд припаѓа на неговите луѓе и жители. Не ги поддржувам политичките одлуки и идеи на Доналд Трамп, но и во оваа ситуација гледам нешто убаво – жителите на Гренланд се обединија и заедно порачаа дека нивната земја, ниту луѓето, не се на продажба! Држи се подалеку, Америка!“
