Православна црква и верниците денес го одбележуваат Првото и Второто наоѓање на главата на Свети Јован Крстител.

Настаните поврзани со маченичкото страдање на Свети Јован Крстител се пренесени во светите Евангелија според Матеј, Марко и Лука. Исус за него вели: „Никој роден од жена не е поголем од Јован (Крстител)“ (Лука 7,28).

Јован бил првиот свет маченик на христијанската вера. Бил уапсен во 27 година од новата ера, а настрадал во 28 година со отсекување на главата.

Царот Ирод, кога слушнал за Исус и за големите чуда што ги правел, се исплашил и рекол: „Тоа е Јован кого јас го погубив, тој воскресна од мртвите“.

Според преданието, Јован Крстител бил погубен по желба и наговор на злобната Иродијада, жената на Ирод. Потоа таа наредила главата на Свети Јован да не се погребе заедно со телото, плашејќи се дека страшниот пророк некако би можел да воскресне.

Затоа ја зела неговата глава и ја закопала на некое скриено и недостојно место, длабоко во земјата. Нејзината дворјанка Јована, добра и побожна жена, не можела да дозволи главата на Божјиот човек да остане на такво место, па тајно ја ископала, ја однела во Ерусалим и ја погребала на Елеонската Гора.

Не знаејќи за тоа, цар Ирод кога слушнал за чудата што ги правел Исус, повторно се исплашил и рекол: „Тоа е Јован кого јас го погубив, тој воскресна од мртвите“. По извесно време, еден угледен властелин поверувал во Христа, го напуштил својот положај и се замонашил. Како монах, со името Инокентиј, се населил на Елеонската Гора, токму на местото каде што била закопана главата на Крстителот. Додека копал за да изгради ќелија, пронашол земјен сад, а во него глава, за која на чудесен начин му било откриено дека е главата на Крстителот. Тој ја целивал и повторно ја закопал на истото место.

Второ наоѓање

На овој ден се прославува Првото и Второто наоѓање на главата на Свети Јован Крстител, како спомен на овие настани. По Божја заповед, таа чудотворна глава подоцна преминувала од рака на рака, понекогаш паѓала во заборав, а потоа повторно била откривана, сè додека на крај, во времето на царицата Теодора и патријархот Игнатиј, не била пренесена во Цариград.

Од главата на Крстителот се случиле многу чудесни исцелувања. Интересно е што Свети Јован за време на животот не направил ниту едно чудо, но на неговите мошти им била дадена благодатна чудотворна сила.

Утре е задолжителен пост

Празникот паѓа во време на Велигденскиот пост, па се подразбира дека сите православни христијани тој ден постат. Правилото на постот е пост на масло, односно се јаде храна подготвена на масло и е дозволено да се пие вино, но не е дозволено да се јаде риба. Во текот на целиот Велигденски пост, риба се јаде само на Благовештение и на Цветници.

Според народното верување, на овој празник не треба да се работат тешки работи. Особено е распространето верувањето дека не треба да се користат ножеви и други остри предмети, за да не се „повредат“ раните на невино пострадалиот светител.

Нека овој ден биде ден на нов почеток, ден на радост и благодарност. Размислете што е она што ве прави вистински среќни, подигнете ја главата кон небото и искрено заблагодарете му се на Бога. 🙏