Ова следува откако Доналд Трамп синоќа изнесе ултиматум дека, доколку Иран не го „отвори целосно“ Ормускиот теснец во рок од 48 часа, САД ќе „ги нападнат и уништат нивните електрани“.

Иран порача дека ќе ја нападне американската инфраструктура на Блискиот Исток доколку бидат погодени неговите електрани, по заканата на Трамп.

Техеран исто така предупреди дека глобалните цени на нафтата ќе останат високи подолг период доколку бидат нападнати клучните енергетски постројки во земјата.

Иран се закани дека „веднаш“ ќе уништи енергетски и нафтени објекти низ целиот Блиски Исток ако неговите енергетски капацитети бидат нападнати, пренесува Sky News.

Претседателот на парламентот Мохамед Багер Галибаф објави на социјалните мрежи:

„Веднаш по напад врз нашите електрани и инфраструктура, критичната инфраструктура, енергетските системи и нафтените објекти низ регионот ќе бидат сметани за легитимни цели и ќе бидат уништени без можност за обновување, а цената на нафтата долго ќе остане висока.“

Ова доаѓа откако Трамп постави ултиматум дека, доколку Иран не го отвори Ормускиот теснец во рок од 48 часа, САД ќе „ги нападнат и уништат нивните електрани“.

Глобалните цени на нафтата нагло пораснаа откако Иран практично го запре поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец.