Цените на овошјето и зеленчукот на пазарите во Македонија во текот на првата недела од април бележат различни движења.
Првите денови од април ги одбележа шаренолика понуда на овошје и зеленчук на пазарите и во продавниците. Сепак, колку што изгледот е убав и привлечен, толку цените на одредени производи не се. Пример се доматите кои годинава достигнуваат и до 350 денари, потоа пиперките со цена од 300 денари, јагодите од 450 денари…
Најголемо изненадување е, верувале или не, боранијата која моментално чини 250 денари за килограм.
Цените на овошјето и зеленчукот на пазарите во Македонија во текот на првата недела од април бележат различни движења. Поголемата понуда на одредени производи, пред сè јагоди и краставици, доведе до намалување на цените, додека други култури поскапеа.
Како и претходните години, и оваа година јагодите предизвикаа најголемо внимание кај купувачите, односно нивната цена.
На пазарите во Скопје цената на јагодите изнесува околу 250 денари за килограм, додека помала корпа од 250 грама се продава за околу 125 денари.
Продавачите велат дека интерес има, но купувањето најчесто се сведува на помали количини.
Секако, тие додаваат дека цената ќе падне и дека до средината на мај би можела да достигне околу 150 денари за килограм.
Во понудата има и увезена боровинка по цена од 850 денари за килограм, како и увезена малина која достигнува и до 1.750 денари за килограм.
Најголемо изненадување оваа година дефинитивно е доматот, чија цена достигнува неверојатни 350 денари за килограм.
Станува збор за таканаречениот „македонски розов“, додека обичниот домат е нешто подостапен и се продава за околу 250 денари.
Цените се разликуваат од место до место, па така најниска цена на домат има во некои градови, каде што чини околу 150 денари, додека најмногу плаќаат потрошувачите во Скопје и други поголеми градови – од 250 до 350 денари.
Шок за купувачите овие денови е и младиот купус, чија цена е околу 75 денари за килограм.
Рамо до рамо со него е и младиот кромид – додека минатата година три врзки чинеа 50 денари, денес една врзка чини 50 денари.
Младиот компир, како „весник на пролетта“, и понатаму држи висока цена, па така кон крајот на март на еден скопски пазар беше забележана цена од 500 денари за килограм, што предизвика незадоволство кај купувачите.
Сепак, набргу цената се намали и се задржа на околу 350 денари.
И пиперките се продаваат како „суво злато“.
Цената на пиперката „црвена шила“ достигнува и до 350 денари, а слична е и цената на „жолтата шила“.
„Бабурата“ е нешто поевтина – околу 250 денари за килограм.
„Кралица на поскапувањата“
Од зеленчукот оваа пролет се издвојува увезената боранија со цена од 250 денари за килограм, што е навистина изненадувачки.
Во однос на претходниот период, поевтини се блитвата, брокулата, карфиолот, салатниот краставец, празот и тиквиците, додека поскапи се кељот, лукот, патлиџанот и ротквицата.
