Д-р Дејан Чубрило тврди дека овесната каша не е добар избор за наутро.

Тој советува појадок од јајца и сирење, со кајмак, кисело млеко и чварки, но без премногу обилен оброк.

Дали и вие појадувате овесна каша, убедени дека тоа е најздравиот утрински оброк што може брзо да се подготви? Според мислењето на д-р Дејан Чубрило, тоа е многу лош избор, бидејќи всушност „се труете со шеќер“.

„Најголемата заблуда е дека денот треба да се започне со шеќер. Немојте тоа веднаш наутро“, предупредува професорот по физиологија на Медицинскиот факултет во Крагуевац, зборувајќи за здравата исхрана.

Неговиот совет е денот да го започнете со јајца и сирење.

„Кајмак, кисело млеко, па дури и чварки – сето тоа може“, вели д-р Чубрило.

Гостувајќи во емисијата „РТС Ординација“, д-р Чубрило, кој е и специјалист по спортска медицина, вели дека „обичните луѓе“ не треба да се угледуваат на режимите на исхрана на врвните спортисти, каков што е Новак Ѓоковиќ.

„Не треба ниту да ги применуваме навиките на нашите предци, кои наутро би се снабдиле со енергија за целиот ден“, вели професорот.

„Појадокот не треба да биде премногу обилен, а ако почувствувате глад два часа по оброкот, секогаш можете да изберете помала количина храна која ќе ве засити, но нема да ве преоптовари.“