Пострадал во 362 година, во времето на царот Јулијан Отстапникот.

Православна црква и нејзините верници денес го празнуваат Светиот великомаченик Артемиј Антиохиски. Роден е околу 300 година. Во младоста бил управител на целокупниот царски имот, во времето на царот Констанциј.

Пострадал во 362 година, за време на владеењето на царот Јулијан Отстапникот.

Својата воена служба ја започнал во војската на царот Константин Велики и имал влијание врз неговото примање на христијанството. По смртта на Константин Велики, продолжил да служи кај неговиот син, царот Констанциј.

По смртта на царот Констанциј, на престолот на Римската Империја дошол Јулијан Отстапникот, идолопоклоник и прогонител на христијаните. Кога слушнал дека Јулијан станал цар и тргнал во војна против Персијците, Артемиј добил наредба да му се придружи во Антиохија. Тој се одѕвал на повикот и му укажал должно почитување на новиот владетел, носејќи му подароци.

Но, таму бил сведок на мачењето на светите исповедници Евгениј и Макариј.

Посматрајќи го мачењето на светите луѓе и слушајќи како царот хули на Господ Исус Христос, Артемиј му пристапил и му се обратил:

„Зошто, царе, толку нечовечно ги мачиш невините и на Бога посветени луѓе и зошто ги принудуваш да се откажат од православната вера? Знај дека и ти си човек, од истата човечка природа. Иако Бог те поставил за цар, и ти можеш да бидеш подложен на искушенија од ѓаволот.

Јас сметам дека првиот виновник за злото е лукавиот и злобен ѓавол. Како што некогаш побарал од Бога дозвола да го искушува Јов и ја добил, така и тебе те поттикнува против нас, за преку тебе да ја уништи Христовата пченица и да го посее својот какол.

Но, залудни се неговите напори и ништожна е неговата сила. Откако Господ Христос дошол на светот и бил распнат на крстот, паднала ѓаволската гордост и била скршена неговата сила. Затоа, не залажувај се, царе, и не му се предавај на ѓаволот, прогонувајќи го христијанскиот народ што Бог го чува. Знај дека Христовата моќ и сила се непобедливи и несовладливи.“

Откако ги слушнал овие зборови, Јулијан го предал Артемиј на мачителите, а потоа го затворил во темница, заедно со Евгениј и Макариј, кои набргу потоа починале.

Кога Артемиј во 362 година му ја претскажал блиската смрт на царот Јулијан, владетелот наредил неговата глава да биде отсечена со меч.

Пророштвото се исполнило една година подоцна – Јулијан загинал во 363 година.

Народно верување

Според народното верување, доколку сте во расправија или во лоши односи со некого, токму денес треба да го побарате и да се помирите со него. Во спротивно, според верувањето, може да ве стигне страшниот гнев на Свети Артемиј Антиохиски.