Даница од Смедерево цел живот верувала дека е единствено дете на Милена и Радован, кои ја одгледале со многу љубов. Но, по смртта на родителите, во стара дрвена кутија во нивниот дом пронашла документ што ѝ го променил целиот живот.

Станувало збор за посмртница на која било запишано нејзиното име, презиме и датум на раѓање – 17 ноември 1986 година. Според документот, истата Даница починала само два дена подоцна, на 19 ноември 1986 година.

Даница била шокирана. Таа била жива, имала сопруг и две деца. На задната страна од документот имало и порака: „Никогаш да не ѝ кажете“.

Необични детали од детството

Дури тогаш почнала да се присетува на необичните моменти од детството. Мајка ѝ никогаш не сакала да зборува за нејзиното раѓање, а баба ѝ еднаш ѝ рекла дека е „детето што останало“.

Во семејниот дом пронашла и фотографија од непозната млада жена со бебе, направена во 1986 година. Мајка ѝ тогаш одбила да открие за кого станува збор.

Пред смртта, мајка ѝ ѝ оставила уште една загатка, велејќи: „Немавме избор“.

Повикот по кој ништо не било исто

Само два дена по откривањето на документот, Даница добила повик од непозната жена.

Наместо да се претстави, жената директно ја прашала:

„Данице, знаеш ли кој лежи во твојот гроб?“

Прашањето ја оставило без зборови. Сите необјаснети семејни моменти почнале да добиваат ново значење.

Пред Даница се отворила можноста дека цел живот живеела со вистина што нејзините најблиски ја криеле – тајна поврзана со нејзиното раѓање, изгубена сестра и жената што ја донела на свет.