На седиштето пронашол торба со пари која ја оставил патник, странски државјанин.
Таксист во Истанбул вратил 300.000 евра кои сосптвеникот ги заборавил во неговото возило, јавува „Анадолија“.
Возачот на таксито Енгин Олгац (31) на седиштето пронашол торба со пари која ја оставил патникот, странски државјанин, кој го возел од аеродромот во Истанбул до хотел во квартот Лалели.
Олгац го контактирал хотелот до кој го однел патникот и торбата во која се наоѓале 300.000 евра ја предал на сопственикот.
„Откако клиентот го оставив во хотелот, го однесов автомобилот во перална и ги видов заборавените пари. Го контактирав хотелот и ги предадов парите“, рекол Олгац.
Патникот му се заблагодарил на таксистот за вратените пари.
