Министерот за транспорт Александар Николоски изјави дека во последната година се постигнат значајни резултати во проширувањето на авиолиниите и развојот на туризмот. Според него, воведени се 21 нови авиодестинации кон двата главни аеродроми во државата – Скопје и Охрид, што придонесува за околу 20% раст на туристичкиот сектор.

Како дополнителен чекор, тој најави дека ќе се воспостави редовна авиолинија Виена–Охрид во соработка со Austrian Airlines, што ќе овозможи подобра поврзаност со европските метрополи и полесен пристап за странските посетители.

Во однос на туристичката инфраструктура, Николоски посочи дека голем дел од хотелските капацитети во земјата се изградени пред неколку децении и има потреба од нивно модернизирање. Според него, неопходно е поедноставување на урбанистичките процедури за изградба на нови хотели, но не и апартмански комплекси. Како потенцијална мерка беше предложено олеснување на условите за објекти од категоријата Б5, исклучиво за хотели со инвестиции над определена вредност.