Живеам во Германија веќе седум години и првпат сериозно размислувам за враќање во Македонија. Причините се многу, а последниве години стравот полека станува дел од секојдневието. Наместо сигурност и стабилност, овде најчесто гледам сиво небо, мрачно време и улици полни бегалци кои, и покрај бројните проблеми што ги создаваат, добиваат огромна толеранција и финансиска поддршка од државата.
Цените растат постојано, трошоците ни се зголемуваат секој месец, а заштедата што порано ја правевме – денес речиси и да не постои. Сè е поскапо, а животниот стандард реално не е како порано.
Но најголемиот товар како родител е чувството дека животот за децата овде веќе не е безбеден. Нема слобода како во Македонија. Секој ден кога ги праќаме на училиште се прашуваме дали ќе се вратат безбедни – закани, напади… Одат од 7 часот наутро, а се враќаат во 17 часот – по темнина, со автобуси полни со мигранти, и секојпат нешто во мене се грчи.
Се повеќе се прашувам: колку навистина се сигурни нашите деца?
Колку долго треба да живееме во страв и неизвесност?
Повеќе не чувствувам мир ни на места што порано ми буделе радост – божиќни маркети, фестивали, традиционални настани. Секојдневието што требаше да биде европски сон, полека се претвора во извор на страв.
Затоа барам искрени и сериозни мислења: дали размислувате за враќање во Македонија? Дали и вие го чувствувате истиот товар, истата несигурност и истите прашања што веќе со години ме мачат?
