Македонскиот јутјубер Ритко и Боки 13 моментално престојуваат во Белград, каде присуствуваат на стартот на новото музичко натпреварување „HYPE Ѕвезди“ во организација на „Hype Produkcija“. Настанот привлече огромно внимание на балканската јавност, а прес-конференцијата во хотелот „Метропол“ собра бројни регионални јавни личности.

Боки 13, дел од жирито заедно со Аца Лукас, Ана Николиќ, Мира Шкоро и други, повторно се појави во препознатлив автентичен стил. Но голема внимавање овој пат привлече и Ритко – едно од највлијателните имиња на македонската YouTube сцена.

Организаторите велат дека нивното присуство е дел од стратегијата да се внесе свежина и интернет-публика во новото шоу, кое веќе добива огромна медиумска поддршка.

Видео кое го „запали“ интернетот

Во текот на денот на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Ритко трча низ една од централните улици во Белград. Видно расположен, тој предизвикува насмевки кај минувачите, а кратката комична ситуација што се случува во еден момент стана хит на TikTok и Instagram.

Корисниците коментираат дека Ритко „донел македонски хумор во Србија“, а видеото за само неколку часа доби илјадници прегледи.

Големи очекувања од шоуто

„HYPE Ѕвезди“ се најавува како еден од најголемите регионални проекти оваа сезона, со бројни изненадувања и спектакуларни настапи. Присуството на Боки 13 и Ритко веќе ја подгрева атмосферата и го зголемува интересот за шоуто.