Македонија е земја во која има да се поправат многу работи, многу работи не чинат, а секогаш за тоа знаеме да ги обвините функционерите.

Во повеќето случаи веројатно така и треба, но понекогаш треба да погледнеме и кон самите себе.

Далеку е ситуацијата од сјајна, но кога некој се обидува нешто да поправи и да направи да биде подобро за нас, но и за идните генерации, наша обврска е тоа да го почитуваме и да го зачуваме.

Но, дали тоа го правиме?

На социјалните мрежи, градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски објави видео, кое како што вели му било пратено од жител на општината.

-Првомајска пред некое време. Снимката ја добив од загрижен граѓанин!

Зошто?!?!?

Јавно добро што сме го платиле сите!?!? Никаде во свет не сум слушнал за вакво нешто!?!, – пишува Темелковски

Погледнете го видеото: