„Бионтек“ е првата германска компанија која стигнала до оваа фаза во развојот на можна вакцина.

Германската биотехнолошка компанија „Бионтек“ и нејзиниот американски партнер „Фицер“ објавија дека нивниот главен кандидат за вакцина против ковид-19 е доставен за разгледување кај европските регулатори, што би можело да доведе до нејзино одобрување.
Ова е втора можна вакцина против ковид-19 што ќе ја разгледува Европската агенција за лекови, по онаа развиена од Универзитетот Оксфорд и британско-шведската компанија „АстроЗенека“.

„Бионтек“ е првата германска компанија која стигнала до оваа фаза во развојот на можна вакцина, откако уште во април добила одобрување да почне со клиничките тестирања.
![]()
Фирмата од Мајнц кажа дека нејзината можна вакцина наречена „БНТ162б2“ покажала охрабрувачки прелиминарни резултати во предклиничките и во раните клинички испитувања кај возрасните. Големи клинички тестирања, во кои учествуваат илјадници луѓе, и натаму траат.

„Засега не може да се донесе заклучок за безбедноста и ефективноста на вакцината бидејќи уште докази треба да му се достават на нашиот Комитет за медицински производи за човечка употреба“, соопшти Европската агенција за лекови./Крај
