Охридското Езеро, познато како „Балкански Ерусалим“, е едно од најстарите езера во светот, со богата историја и уникатна природа.
Со површина од речиси 360 квадратни километри, езерото лесно може да се помеша со море.
Се проценува дека е старо неколку милиони години, што го вбројува меѓу најстарите езера не само во Европа, туку и во светот. Неговата најголема измерена длабочина изнесува 288 метри, додека просечната е околу 155 метри.
Поголемиот дел од езерото се наоѓа во Северна Македонија, додека околу 30 проценти се протегаат на територијата на Албанија.
„Балкански Ерусалим“
Градот Охрид, некогаш познат како Лихнидос, првпат се споменува уште во третиот век пред нашата ера. Низ историјата, тој имал важна улога во ширењето на христијанството меѓу словенските народи.
Поради големиот број ендемски видови, како и богатото културно-историско наследство, целиот охридски регион е заштитен како светско културно наследство.
Покрај бројните цркви, поради кои го носи прекарот „Балкански Ерусалим“, Охрид се смета и за еден од најстарите постојано населени градови во Европа.
Единствен спој на историја и природа
Овој регион е посебен затоа што на едно место може да се видат археолошки остатоци од антички времиња, но и градби од 18 и 19 век, во непосредна близина на езерото.
Легендата за Свети Наум
Манастирот Свети Наум, основан во 9 век, се смета за еден од најстарите во регионот. Во него е погребан Свети Наум, ученик на Светите Кирил и Методиј.
За неговиот гроб се врзува интересна легенда – според преданието, ако некој го прилепи увото до гробот, може да ги слушне отчукувањата на неговото срце.
Кристално чиста вода и познати извори
Благодарение на бројните подводни извори, водата на Охридското Езеро е исклучително чиста и проѕирна. Најпознати се Билјанини Извори, кои се наоѓаат во близина на градот.
Плажи за сечиј вкус
Долж брегот има бројни плажи, а меѓу нив се издвојува Лагадин, која со должина од околу 285 метри е една од најдолгите.
