MПЦ и нејзините верници денес го одбележуваат Светиот пророк Јеремија.

Светиот пророк Јеремија е христијански светител и пророк роден шест века пред Исус. Иако повеќето граѓани и не знаат многу за него, во некои краишта на Србија се задржале обичаи и народни верувања кои и денес се почитуваат.

Се верува дека Јеремија е заштитник од отровни змии, па затоа постои обичај на денешниот ден да се растеруваат овие влекачи за да не досадуваат преку летото.

Поради тоа, обичај е некој од куќата да стане рано, да земе тава и удирајќи по неа неколку пати да повтори:

„Јеремија во поле, а сите змии во море! Само една остана, за своето зло остана, двете очи си ги избола, на денот на глоговиот трн. На четири колци, злата коб ја изела.“

Додека се слуша тропањето и песната, змиите нема да се осмелат да се приближат.

На овој ден не се отвораат бричеви и не се работи со игла и конец. Според верувањето, кој на овој ден ќе отвори брич, цела година ќе го следат змии.

Во некои краишта старите веруваат дека денес не треба ни да се чешла косата, за да не се предизвикуваат овие опасни влекачи.

Старо верување е и дека треба да се внимава некому да не му се влече врвка или конец од облеката по земја, за по него да не „се влечат“ и змии.

Според преданието, Светиот пророк Јеремија уште на петнаесетгодишна возраст почнал да пророкува и поради тоа често бил во немилост кај властите, па дури и прогонуван и затворан. Со своите пророштва го навлекол гневот на големците, но и почитта на оние кои верувале во него.