Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на синоќешното гостување на Канал 5 го нападна пратеникот Димитар Апасиев.
–Глејте го овој несреќава Апасиев. Апасиев беше, така? Супер! Што мисли тој дека е главен фраер ако пцуе по Фејсбук? Шарлатан, обичен шарлатан – рече Шилегов.
Денеска со реакција на својот Фејсбук профил се огласи и Димитар Апасиев. Тој напиша:
Коце ШИЛЕГОВ од СДС на Само интервју: “Апасиев е шарлатан за местење тендери! Затоа ја иам пет стана и хациенда на Маврово, а он уште се вози у Алфата”

