Животот на легендарната пејачка го одбележаа големи трагедии, но таа не ја трга насмевката од лицето.

Пејачката Шенса Суљаковиќ кариерата ја започнала во 70-тите години, а со „Јужни ветар“ направила голем успех на музичката сцена во тогашна Југославија. Самостојниот албум „Пристајем на све“, кој го снимила во 1986 година, бил продаден во 850.000 примероци, а Шемса до денес има репутација на една од најдобрите пејачки на народна музика.

Ова е нејзината животна приказна:

Шемса е родена во 1951 година во малото место Маглај во Босна и Херцеговина. Израснала во големо семејство, па поради тоа уште во раните тинејџерски години почнала да работи. Првата работа ја имала на само 13 години во Извршниот комитет во Маглај.

Многу рано се омажила, уште пред да стане полнолетна. На 16 години склопила брак со својот една година помлад пријател и од оваа љубов го добиле синот Алмир. Сепак, овој брак на двјацата млади сопружници траел само две години. По крајот на бракот, Шемса потполно се дистанцирала од сите и сама продолжила да се грижи за својот син. Тогаш уште не ни претпоставувала дека ќе започне музичка кариера и дека ќе биде една од легендите на народната музика.

Талентот на Шемса бил откриен кога во една прилика со пријателите била во кафана и се опуштила додека свирала музиката и сосема спонтано запеала. Не забележала дека на нејзината маса се наоѓа микрофонот и дека сите можеле да ја слушнат. Воодушевен од нејзиниот глас, газдата на кафаната ја повикал да пее во неговиот локал.

„По тоа излегување газдата ми кажа дека одлично пеам и дека сака следниот ден да ме види со микрофонот во раце. Се согласив и тој ден, добро се сеќавам, тогаш најслушаните песни ги напишав на хартија, за да не се засрамам на првиот настап. На почетокот пеев со тетратка во рака и полека мојата кариера напредуваше“ – кажа Шемса своевремено за „Независне новине“.

Својата нова професија долго ја криела од семејството. По седум години пеење во кафана го снимила и првиот сингл „Отишла је љубав с нашег кучног прага“. Песната во тоа време била многу популарна, меѓутоа многумина не знаеле дека таа ја пее. Големиот подем во кариерата го доживува во 1981 година, кога му се приклучува на „Јужни ветар“. Настапувале ширум Европа и ги полнеле салите. Хитовите на овој бенд и денес можат да се слушнат во градските кафани и на сите прослави.

„Ми беше жал кога се распаднавме, бидејќи сите ние во „Јужни ветар“ бевме подеднакво драги едни на други. Не можев да замислам да не постои тој оркестар. Направив пауза од пет години после тоа и не се занимавав со музика. Тоа беше најтешкиот период во мојот живот“ – кажа пејачката за споменатиот медиум.

Плочата за која вели дека била најуспешна во нејзината кариера, Шемса ја објавила во 1986 година под назив „Пристајем на све“. Скоро сите девет песни за кратко време станале големи хитови. На тој албум, покрај насловната, се најдоа и песните „Зар за мене више срече нема“, „Ми се волиме“, „Стегни ме бар још једном“, „Што ме питаш“, „Свако ме пролече на тебе сети“, „Докле да се крадом састајемо“ и други.

Иако во музиката нижела успеси и поместувала граници, сепак, оние другите, кои се запишани во атласите, ѝ оставиле многу болни спомени.

„Првпат во Југославија по војната дојдов дури во 1996 година. До тогаш веќе целото свое семејство го однесов во Шведска. Така сакаше Бог, а Бог е голем… Бог е најголем. Мојот син не можеше да издржи во Шведска, брзо се врати во Сараево. Ми кажа: „Мајко, ќе ти овенам овде како билка“. Во војната изгубив два браќа. Многу ми е тешко за зборувам за тоа… Сим ми исто така беше ранет, но случајно. Некој залутан куршум го погоди и му помина низ главната артерија. Мојот син единец, не ми беше воопшто лесно. Ете, му благодарам на Бога, дочекав и внучиња и снаа, која е прекрасна“ – кажа Шемса во една прилика за „Курир“.

Шемса со години ги гледа своите рани, но некои траги остануваат засекогаш. Пејачката пред повеќе од една деценија како последица на сето она што го претрпела во животот, доживеала срцев удар.

„Тоа е последица од болните и непосакувани моменти. Инфарктот го доживеав во Австралија. Далеку, предалеку од моето семејство. Драгиот Бог даде тука случајно да биде присутен најдобриот кардиолог на клиниката. Го сними целиот зафат и ми ја даде снимката на ЦД да ја имам. Ми овозможија апартман со прекрасен поглед, на разглас ги пуштаа моите песни, зборувајќи дека во нивната клиника е оперирана музичка ѕвезда од Босна и Херцеговина. Ете, само милиот Бог сето тоа може да го состави“ – изјави тогаш Шемса за медиумите.

Сепак, покрај сите тешкотии во животот, секогаш е тука музиката која ѝ помага да заборави на сѐ што е лошо и семејството кое ѝ буди најубави емоции.