За македонскиот идентитет и јазик ниту се разговарало и преговарало ниту ќе се разговара и преговара.
Може да добиеме уште 100 ултиматуми, уште 10 пати вето и блокада, на овие прашања нема да разговараме. Јас очекувам од Бугарија чисто признавање на македонскиот идентитет и јазик, рече попладнево премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието поставено од пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.
Тврдиме дека членство во ЕУ која не ни признава и прифаќа македонски јазик и идентитет не ни треба. Не веруваме ние во таква ЕУ, нагласи Заев, додавајќи дека со бугарската страна креираат идеи да најдат решение.
За македонскиот идентитет и јазик ниту се разговарало и преговарало ниту ќе се разговара и преговара. Може да добиеме уште 100 ултиматуми, уште 10 пати вето и блокада, на овие прашања нема да разговараме. Јас очекувам од Бугарија чисто признавање на македонскиот идентитет и јазик, рече попладнево премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието поставено од пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.
Првиот човек на Владата смета дека со Бугарија ќе се постигне договор и решение затоа што, како што рече, докажавме дека можеме да постигнеме. Тој ја повика и опозицијата да работат заедно за да го дуплираат успехот.
