Поранешната тенисерка Јелена Докиќ, која играше тенис до 2014 година, тежеше дури 120 килограми, но потоа ги направи сите чекори и едноставно се „стопи“.




Секако, нејзината приказна не е чудна. Јелена беше врвна тенисерка, но имаше бурен живот надвор од сјајот на спортските терени, и сето тоа предизвика да се стекне со масни наслаги, па во еден момент имаше 120 килограми.
Се разбира, таа веднаш одлучи да работи на себе, и успеа да „изгуби“ 50 килограми за само една година, со контролирана диета и по консултација со нутриционист, и со тоа да го подобри своето здравје.




– Мојата мотивација е навистина многу лична. Сакав да бидам во форма, да бидам здрава и среќна бидејќи бев несреќна долго време поради тежината. Мојата лична консултантка Белинда навистина ми помогна. Не се работи само за контрола на исхраната, туку и за поддршка и постојани разговори секоја недела – рече Јелена.




Без двоумење, таа ги сподели фазите на процесот на губење на тежината со своите фанови преку Инстаграм
Имала шест оброци дневно според специјалната програма што ја добила. Менито е направено според она што сака да јаде лицето кое сака да ослабне или според неговиот начин на живот.




Се грижи за количината на оброци и калориската вредност, а во текот на денот не смее да го прескокне калорискиот внес од 1200 калории. Таа целосно ги елиминираше сите видови шеќер и производи од бело брашно од нејзината исхрана.
Дозволена е друга храна, но мораше да се внимава да не се надмине бројката од 1200 калории дневно, пишува body.ba.




Покрај тоа, Јелена почна редовно да тренира и да шета многу, и на крајот сЕ даде одлични резултати.
Таа рече дека во последно време ги врати килограмите, но дека таа е виновна за тоа бидејќи не се грижела за исхраната.
Таа се опушти откако ослабе, потоа се врати на своите стари навики и килограмите се вратија.




Затоа, нутриционистите советуваат дека диетата не треба да се држи строго, туку дека здравата и урамнотежена исхрана треба да стане нормална појава во нашиот секојдневен живот и на тој начин ќе го избегнеме враќањето килограми.
Како изгледаше нејзиното мени?




За појадок интегрален леб со моцарела, домат, босилек и бадеми, и кафе. За ужина од јагоди и грозје.
Ручек: Медитерански омлет со кромид и сирење.




Вечера: супа од зеленчук.
Закуска: мешавина од кикирики и тестенини од интегрално брашно
