И покрај тоа што заработува милиони, домот на Карлос Алкараз изгледа скромно.

Карлос Алкараз веќе го има запишано своето име со златни букви во историјата на тенисот. Во својата колекција има највредни трофеи, а само од професионално играње тенис заработил милиони евра. Неговите спонзорски договори со престижни светски брендови како Nike, Louis Vuitton, Calvin Klein и Rolex дополнително го потврдуваат неговиот статус на глобална спортска ѕвезда.

Сепак, и покрај сето тоа, младиот Шпанец и понатаму води живот како обичен млад човек — живее во домот на своите родители во Ел Палмар, во близина на Мурсија, над ресторан за кебап.

Во неодамнешен документарец, Алкараз отворено сподели делови од својот приватен живот, а најавните видеа открија интересни детали.

„Овде спијам, ова е мојата соба. За луѓето што се прашуваат каде ги чувам трофеите — одговорот е тука“, рече Карлитос, покажувајќи го пехарот за шампионот на Вимблдон.

Семејството поседува простран дуплекс кој неодамна бил реновиран, а според странските медиуми, Карлос најмногу време минува во една од четирите соби на долниот кат кога е во родниот град.

„Млад сум и имам свои хирови, но сум многу природен, нормален и скромен. Ако нешто ми се допадне, се трудам да го купам, но на крај татко ми се грижи за сè“, признал Алкараз во една од ретките поинтимни изјави.

Шпанските медиуми претходно објавија дека, кога престојува во академијата на својот тренер Хуан Карлос Фереро, Карлос живее во монтажна дрвена куќа со површина од околу 90 квадратни метри.

Неодамна на неговиот Инстаграм се појави фотографија од станот во кој живее, која привлече внимание во јавноста, меѓу другото и поради детали како мушамата што ја покрива масата.

Иако во светот на спортот веќе стана милионер — играјќи тенис досега заработил речиси 18 милиони фунти — неговото секојдневие и понатаму зрачи со едноставност и приземност, што го издвојува од многу спортски ѕвезди кои уште во младоста живеат во луксузни вили и ексклузивни апартмани.

https://x.com/_mandarinica_/status/1991820331338829936?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1991820331338829936%7Ctwgr%5Eb7993a76c85342ebb13366aba92764cde9a76973%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fcelebrities%2F251586%2Fkako-izgleda-stan-karlosa-alkaraza