Најлошо за ширење вирус!

Научниците дошле до алармантно откритие кое се однесува на кивање.

“Експлозија“ од капки кои ги исфрламе од носот и устата споредени во облик на печурка која се јавува како нуклеарна експлозија.

Истражувачи од универзитетот Лонгборг во Велика Британија откриле дека постојано се развиваат облаци од секрет, кои се распрснуваат со плувачка со разни исцедоци а се исфрлаат со кивање а се подудараат со феноменот познат како вртложни прстени.

“Во повеќето наши анализи, предвидувањата кој ги покажа нашиот модел сугерираат дека најголемата капка го надминува водорамниот распон од два метри од изворот пред да падне на земја“, објаснува математичарот др. Емилијано Рензи.

Она што е интересно е дека овој прстен од вртлози, во кој течноста се врти околу земјината оска создавајќи затворена “петља“, исто може да се виде во “печуркастите“ облаци на нуклеарна ексползија.

Спрема истражувачите, овој феномен, зедно со исфрлање на вирусниот терет со голема брзина од човековиот нос и уста, делува како минијатурна нуклеарка.

Она што е посебно опасно што на овој начин можат лесно да завршат во систем за вентилација во многу згради со што се зголемува ризикот од заразување на бројни вируси во зимскиот период, па за време и на корона.

Истражувачите откриле дека со виткање на главата надоле, за разлика од кревање наназад, во голема мера може да се спречи ширење на капките.

Се препорачува кашлањето да се насочи кон земја со носење маска за лице, со што би се намалил ризикот од директно пренесување на репираторните вируси на мала одалеченост“, велат научниците