Мајка Екатерина, игуманија на манастирот Орешковица, објасни зошто е опасно да се упатуваат клетви и да се проколнува некого.
Во христијанството, клетвата се смета за грев. Таа е збор изговорен од омраза или гнев и негативно влијае врз духовната состојба на човекот што ја изговара. Токму за ова во емисијата „Прашања и одговори“ на ТВ Храм зборувала мајка Екатерина (Комнениќ), игуманија на манастирот Орешковица, кој се наоѓа во селото Ждрело, кај Петровац на Млава.
„Не е добро да се проколнува и не треба да се прави тоа. Затоа што во 90 проценти од случаите, клетвите се врзуваат за самиот човек што ги изговара, па тој поради тоа уште повеќе се разболува.
Клетвите се страшна работа, клетвите се производ на злите духови и нечистите сили. Тие секогаш се поврзани со самољубието, со ароганцијата и со гордоста“, објаснила игуманијата.
Таа додала и какви луѓе најчесто се служат со клетви:
„И никогаш смирен човек нема да проколнува. Тој ќе го слави Бога, а горделивиот човек секогаш ќе проколнува. Значи, таа жена е горделива, нема љубов и не е благодарна.“
