Иако нема рок на траење, алкохолот почнува да испарува
Би било штета ако некој алкохол го чувате отворен и да мора да го фрлите после одреден период
Што велат производителите и колкав е рокот на траење

Често се случува по прославите да останат полуиспиени шишиња пијалоци. Тогаш се прашуваме колку е добро да ги чуваме и по колку време можеме да ги пиеме повторно, односно после колку време тие може да се „расипат“.

Истражувањата велат дека жестоките пијалоци не се расипуваат.

Производителите сепак советуваат да се фрлаат пијалоци што се отворени повеќе од една година. Иако нема датум на истекување, односно рок на траење, алкохолот почнува да испарува особено ако се чува на топло место.

Но се смета дека вкусот ќе остане непроменет.

Секако би било штета ако некој алкохол го чувате отворен и да мора да го фрлите после одреден период затоа што изгубил на квалитет.