Во чест на Илинден заедно со коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“ тргнавме од Зубовце до славното Крушево – вели Мизрахи.
Новата пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ и поранешна техничка министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, се пофали дека ја предводи поворката коњи кон Крушево.
Во чест на Илинден заедно со коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“ тргнавме од Зубовце до славното Крушево. Ги пренесуваме спомените за славните Илинденци и како се сака Македонија. Голема е честа да ја предводам коњаницата! Нека ни е лесен патот низ македонските планини до Мечкин Камен! – напиша таа на својот ФБ профил и објави неколку фотографии.
Крушево.
