Младиот македонски пејач на кој во суперфиналето на „Ѕвездите на Гранд“ за влакно му избега победата се огласи со трогателна посвета за Саша Поповиќ, директорот на „Гранд“ кој по кратко и тешко боледување почина на први март.
Александар Јосифовски вели дека со тешко срце ги пишува овие зборови.
„Зборувам за човек кој нашиот свет го направи посветол, а сега веќе не е со нас. Беше светлина, инспирација и причина за многу насмевки. Секогаш знаевте да ја разубавите атмосферата, да донесете радост во најтешките денови. Вашиот глас, кој одекнуваше во емисиите што ги водевте, носеше топлина и оптимизам. Не бевте само домаќин, вие бевте гласот на среќата, надежта, убавината во животот. Повеќе од се’, вие бевте човекот кој знаеше со своето срце да ги води луѓето на вистинскиот пат“, пишува Јософовски.
„Со мудрост, искрено срце, подадена рака на секому. Секогаш инмаше живот во вашите очи, утеха во вашите зборови, музика во вашето срце и вистинско пријателство во вашите постапки. Сега останува тишината, но остануваат и спомените кои никогаш нема да избледат. Сите што ве познаваа ќе носат дел од вашата светлина во своите срца. Ви благодариме што сте дел од нашиот живот, што ни покажавте како да живееме со музика, радост, љубов и искреност. Почивајте во мир, насмевката што ја оставивте зад себе никогаш нема да згасне“, завршува младиот пејач.
