Природата има безброј начини како да се избори со оваа болест, а една од нив може да се најде меѓу бобинките, односно, нивните гранчиња.

Дијабетесот од кој на денешно време се повеќе луѓе заболуваат, е таканаречен “тивок убиец”, бидејќи неговите симптоми не нè алармираат дека станува збор за нешто опасно.

Имено, во дијабетесот високото ниво на крв во крвта се однесува како отров, а честопати е проследен со зголемен крвен притисок и зголемени липиди во крвта.

Меѓутоа, гранчињата на боровинките заедно со нивните ливчиња, претставуваат ефикасно средство за намалување на шеќерот во крвта.

Најчестите симптоми на шеќерната болест се следните:

  • константна жед или сува уста
  • честа потреба за уринирање
  • често чувство на глад
  • необјаснето слабеење и покрај нормалната исхрана
  • слабост и умор
  • чести инфекции (кај жените габични инфекции)
  • ранички кои тешко зараснуваат
  • замаглен вид

Според народната медицина, рецептот за нормализирање на шеќерот во крвта е дел од третманот кој трае еден месец.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 лажичка иситнети гранчиња боровинка
  • 1 чаша совриена вода (300 мл)

ПОСТАПКА:

Билката се прелива со врела вода и се готви 10-тина минути. Потоа се трга од оган и се остава да отстои еден час. Процедениот чај се пие во мали голтки преку целиот ден. Постапката се повторува секој ден во текот на еден месец.