Семејство од Мичиген пронашло жива жаба во пакување спанаќ.

Амбер Ворик од Саутфилд, Мичиген, рече дека купила пакет спанаќ во продавница за органска храна и и го дала на својата ќерка дома.

Ќерка ми почна да вреска и да вика дека е жаба – изјавила за медиумите. Ворик вели дека и е мило што жабата била откриена пред спанаќот да стане оброк.

– Фала му на Бога што не ја изедовме жабата – рече таа.

По ова непријатно откритие, спанаќот и жабата биле вратени во продавницата, а Амбер и ги вратила парите.

-Жабата беше внимателно преместена во нејзиниот нов дом на отворено – изјавија од продавницата која го продаваше овој производ.

– Овој спанаќ дојде од една од многуте фарми со кои соработуваме за да им обезбедиме на нашите клиенти најсвеж спанаќ. На купувачот му ги вративме парите. Истражуваме како се случи инцидентот за да не се повтори бидејќи безбедноста на нашите клиенти е наш приоритет број еден.