Истражувачите од Универзитетот во Оксфорд објавија повеќе податоци со кои се потврдува дека вакцините против коронавирус, развиени од Pfizer-BioNTech и AstraZeneca, значително го намалуваат ризикот од инфекција по единечна доза.

Во студија објавена денес, научниците велат дека и двете вакцини се исклучително ефикасни во намалувањето на ширењето на стапката на инфекција на КОВИД 19, пренесува АП. Истражувањето сè уште не е објавено во научно списание, но се заснова на податоци од брисеви за нос и грло земени од повеќе од 370 000 вакцинирани лица во Англија и Велс во периодот од декември до април.

Научниците велат дека три недели откако луѓето примија единечна доза вакцини Pfizer-BioNTech или AstraZeneca, стапките на сите инфекции со COVID 19 паднаа за 65 проценти. Стапката на инфекција беше уште помала по втората доза и се чини дека вакцините ги штитат луѓето од варијантата што беше откриена во Велика Британија.

Д-р Коен Поуелс, постар истражувач на Универзитетот во Оксфорд, истакна дека некои податоци покажуваат дека некои луѓе се заразиле со коронавирус и покрај вакцинацијата, но исто така има и ограничено ширење на болеста од лица кои се имунизирани.

„Ова ја потенцира потребата сите да продолжат да ги следат упатствата за да се намали ризикот од инфекција, на пример преку физичко дистанцирање и носење маски“, рече Поуел.