Можеби ова изгледа како фотомонтажа или сцена од цртан филм – но не е ниту едното ниту другото. Ова е град во Турција кој остана целосно напуштен.




Имено, станува збор за стотина идентични замоци во Турција во кои никој не живее бидејќи инвеститорот среде економска криза прогласил банкрот. И, како што многумина тврдат, поради самиот концепт, кој на многумина не им се допадна.




Овој необичен град составен од бројни замоци се вика Бурџ Ал Бабас и се наоѓа во северозападниот дел на Турција, некаде помеѓу Истанбул и Анкара.
Се состои од 732 целосно идентични вили во форма на замоци кои наликуваат на градби од цртаните филмови на Дизни, а има и трговски центар.




Проект вреден 200 милиони долари
Ова необично место го изгради компанијата Сарот Груп, а се чинеше околу 200 милиони долари. Сепак, во моментов е сомнително дали инвестицијата воопшто ќе се исплати – со оглед на тоа што таму засега никој не живее.




Стотици напуштени идентични замоци се наоѓаат на ридовите на комплексот Бур Ал Бабас, чија понатамошна изградба е стопирана бидејќи инвеститорот должел 27 милиони долари и прогласил банкрот. Изградбата на оваа луксузна населба започна во 2014 година, а ова видео покажува колку замоци останаа недовршени и во различни фази на изградба. Вилите имаат по 324 метри квадратни и се толку блиску една до друга што ништо не изгледа многу луксузно, туку напротив тесно и како некој да кликнал на копчињата „copy“, а потоа „paste“.




Пред само неколку години, инвеститорите беа многу уверени дека инвестирањето во развој на вакво место ќе биде многу профитабилно, но со оглед на големата економска криза што ја погоди Турција и инфлацијата – ситуацијата е многу поинаква.




Секако, мора да му дадеме важност и на многу дискутабилниот концепт и изглед на градбите кои наликуваат на француски замоци, а со оглед на тоа што многу од нив не се ни довршени – целата населба изгледа прилично страшно.




Од 732 вили, изградени се 587, а се продаваа по цена од 370.000 до 530.000 долари.




Стотици луксузни куќи се изградени во редови и нивниот проект е некаде помеѓу француски замок и замок Дизни. Населбата е изградена со намера да обезбеди луксузно сместување за странските купувачи, но куќите се празни и не претставуваат ништо друго освен бајка за нивните инвеститори, објави еднаш DailyMail.

