Унгарскиот регулатор на лекови ја одобри употребата на кинеската вакцина против COVID-19 Sinopharm во петокот, објави Ројтерс.




Претходно, премиерот Виктор Орбан објави дека Унгарија може да потпише договор во наредните денови за купување на вакцина за коронавирус од Кина.




Тој додаде дека земјата чека да ги види резултатите од масовната вакцинација со кинескиот лек во соседна Србија. Овој месец, Белград прими еден милион дози од кинеската вакцина Синофарм, со што Србија стана прва европска земја што започна масовна програма за вакцинација со неа.




Виктор Орбан посочи дека ќе го избере кинескиот препарат затоа што најмногу му верува.
Тој додаде дека 1,7 милиони луѓе можат да бидат имунизирани со Синофарм во Унгарија до март. Минатата недела, Унгарија стана првата земја на ЕУ што одобри употреба на руска вакцина Спутник V.
