Емануел Макрон веќе со месеци е главна тема на корисниците на социјалните мрежи. Прво се случи шлаканица од страна на сопругата, а неодамна се појави во Давос со очила кои го криеле окото. Веднаш почнаа шпекулации дека и овојпат „страдал поради жена“.

Сам Макрон се извини на јавноста за носењето очила, нагласувајќи дека има проблем со очите, но дека тоа не е заразно.

Што всушност се случи со Макрон?

Во еден момент, Макрон ги симна очилата и сите можеле да видат дека неговото десно око е видливо отечено и црвено. Подоцна беше објаснето дека му пукнала капилара во окото, поради што морал да носи очила за да го заштити од силната светлина.

Сега, темата е неговиот врат. Почнаа да се појавуваат разни теории.

Сега вниманието на сите го привлече големиот белег на вратот на францускиот претседател. Како што пишуваат изненадените корисници во коментарите под фотографијата, изгледа како „некоја да го давела со жица“.

Многу корисници повторно се потсетуваа на физичкиот инцидент со Брижит Макрон, и во малциозни шеги наведуваа дека „сигурно таа го направила тој белег“.

Сепак, кога се разгледа подетално, причината може да биде и сосема сериозна. Некои сметаат дека претседателот можел да имал проблем со тироидната жлезда и да бил подложен на некаква интервенција или операција во тој предел. Сепак, таквата информација не е проверена или официјално потврдена, па останува на ниво на шпекулации.

Како уште едно објаснување, кое се смета за најверодостојно, се наведува дека всушност станува збор за нормална брчка или набор на вратот што секој го има во помала или поголема мера и која може да стане поизразена со годините – поради зголемување на тежината или губење на еластичноста на кожата.