Едноставна за подготовка, вкусна и заситна, оваа брза домашна пита е задолжителна во секое семејно готварско тефтерче.
Ако уживате во домашни пити без кори, тогаш овој старински рецепт за ужичка разљевуша е нешто што мора да го пробате.
Послужете ја вака подготвената пита со кисело млеко или ладен јогурт и можете да бидете сигурни дека со часови нема да огладнете. Пред да додадете сол, задолжително пробајте колку е соленото сирењето, за да добиете совршен вкус.
Состојки:
-
2 јајца
-
150 г кајмак
-
300 г ситно, солено сирење
-
300 мл млеко
-
300 г пченкарно брашно
-
1 мала шолја масло
-
сол по вкус
Подготовка:
-
Одделете ги белките од жолчките, па изматете ги белките во цврст снег.
-
Посебно изматете ги жолчките со маслото и кајмакот, па додајте млеко и сирење, посолете и промешајте.
-
Потоа, со мешање, постепено додавајте го брашното. Кога ќе се соедини смесата, додајте го снегот од белките и измешајте внимателно.
-
Истурете ја смесата во тава обложена со хартија за печење и печете во загреана рерна на 200 степени додека не добие златеста боја.
