Овој човек од Ужице откако стана инвалид во спортот го најде својот спас и надеж за подобро утре. Се ожени и живее како и сите други на светот.




Милош Зариќ редовно полага животни испити кои ги положува со максимален резултат. Пред 12 години доживеа сообраќајна незгода, по која поради тешка повреда на кичмата стана инвалид, но после тоа стана победник, светски и европски првак. Годинава тој заспал во семејната куќа која изгорела до темел, а иако бил неподвижен успеал да ја скрши вратата на инвалидска количка за да избега од стихиите и да биде еден од илјада што преживеале ваква ситуација.




„Откажувањето никогаш не е опција. Тоа што ми се случуваше, ова ми е како шести живот. Самиот Господ сепак ме штити, затоа што сакам да живеам, да се борам и да тренирам уште понапорно и поинтензивно“, вели Милош за РИНА додека рацете се уште му се преврзани поради повредите со кои се здоби во пожарот.




Неговата волја е посилна од топката и копјето со кои беше успешен. Сите медали беа ковани со инает и натчовечки напори, да се докаже дека животот нема непремостливи пречки. Кога пред десет години реши да тренира атлетика, не беше лесно, но не се откажа.




„Мене ми беше многу потешко од другите, условите беа поинакви. Кога почнав пред десет години, јас бев единствениот во западна Србија кој тренираше атлетика. Отидов во Белград кај другарот Драженко Митровиќ и тој ми даде едно копје. ,еден диск и една топка.Така почнав и така тренирав со години.Буквално собрав луѓе на улица да ми помогнат,да ми подаваат копје,дис, топка.Ама сето тоа се надминува кога сакаш да постигнеме цел.“ вели шампионот од Ужице.




Милош е прв параолимпиец кој учествувал и на Летните и на Зимските олимписки игри. Во Пјонгчанг се натпреваруваше во нордиско скијање на 800 метри.




„Бев свесен дека ме чека нешто ново и многу тешко, но десетгодишното искуство и волјата да ме носат низ животот ми кажаа дека можам да се натпреварувам и во овој спорт. Нема спорт со поголем физички напор од нордиското скијање. Тактиката е занемарлива, се е во силата на телото. Но, за секој успех во спортот мора да бидеш дисциплиниран и да ги следиш правилата. Кога еднаш ќе влезеш во спортската машина, нема враќање назад. Секој пат се враќаш.” вели Милош.




Овој човек од Ужице откако стана инвалид во спортот го најде својот спас и надеж за подобро утре. Се ожени и живее како и сите други на светот.




„Станувам во осум наутро, седам на инвалидска количка и не застанувам до полноќ кога ќе легнам. Тренирам, многу патувам и на луѓето кои имаат проблем како мене се трудам да им покажам дека се е возможно и дека животот не завршува ако нешто те лиши“, изјави успешниот спортист.




Милош го создаде и Атлетскиот клуб „Пора“, кој е еден од најуспешните во западна Србија и е познат по својата способност да ги мотивира лицата со попреченост да учествуваат во спортот.
