Зимата вечерва го покажа своето вистинско лице низ Макдонија.

Студен воздух, силен ветер и снег ја одбележуваат вечерта, додека циклонот што претходно го зафати Јонското Море се преместува кон Егејот и влијае врз временските услови во регионот.

Најпрво дојде до значително наоблачување во јужните и источните делови, каде што во текот на денот започна да врне снег. Како што одминува вечерта, облачноста и врнежите се шират кон север, па до крајот на денот слаб снег ќе зафати речиси цела земја.

Ветерот претставува дополнителен проблем — дува источен и југоисточен ветер, повремено силен, а на одделни подрачја достигнува и многу силни удари. Можно е намалување на видливоста и завејувања.

Најизразени снежни врнежи се очекуваат во јужните и источните краишта, каде што ќе се формира снежна покривка. Во комбинација со силниот ветер можна е и снежна виулица.

Снегот ќе се задржи до понеделник наутро, без поголеми нови количини.

Температурите веќе се во минус — во повеќето места се движат од околу -3 до +3 степени, а на повисоките планински подрачја и значително пониско. Поради силниот ветер, чувството на студ е уште поизразено.

Студената воздушна маса од исток и североисток носи леден ден во понеделник, кога максималните температури ќе останат околу или под нулата.

Врнежите во текот на понеделник претпладне постепено ќе престанат, но студеното време ќе продолжи и во следните денови, со засилен студен ветер.