Снимка од едно албанско венчавка привлече големо внимание на социјалните мрежи, особено поради еден обичај.
Свадбите ширум светот можат да се разликуваат во зависност од традицијата и обичаите на таа држава. Воведување на невестата до олтарот, пренесување преку прагот, симнување на подвезицата – се само дел од нив.
Во ерата на социјалните мрежи, снимки од свадби низ целиот свет можеме да погледнеме каде и да се наоѓаме, па така сè повеќе младенци објавуваат кадри од својот најубав ден.
Оваа свадба предизвика особено голем интерес на интернет. Една невеста објави снимка од својата албанска свадба, а кадрите поттикнаа бројни реакции. Додека сватовите играле оро, од „небо“ почнале да паѓаат банкноти. Секои неколку секунди, невестата била облеана со долари, како врнеж од пари да паѓа врз неа.
Во коментарите под видеото, многумина забележале дека невестата многу личи на најпознатата реалити ѕвезда Ким Кардашијан.
„Не му го покажувајте ова на Кание Вест“, „Помислив дека Ким Кардашијан повторно се омажи“, „Пари паѓаат буквално со секое нејзино движење“, „Колку пари останаа на подот“ – се само дел од бројните коментари на овој вирален снимок.
@katerinaboccibridal Our beautiful bride @melinakalaj looking stunning #katerinabocci #weddingdress #designer #foryou #fyp
