Ох Боже, колку само го мразеа Груевски зошто правел споменици. На кого се однесуваа тие споменици?
На луѓе кои што биле живи до пред 50 до 100 години, на луѓе кои биле дел од нашата историја и ги дале животите за да денес ние имаме наша држава.




Но, сегашната власт не останува покуса и таа си прави споменици ама не на луѓе туку на животни. На животни и тоа праисториски кои живееле пред милиони години. Заев и Шилегов прават споменици на диносауруси.




Кој е овде будала а на кој нозете му мирисаат? Оној што им градеше споменици на Карев, Питу, Гоце, Кузман, Самоил, Карпош, на Асномците, Мисирков, Мајка Тереза, Филип Втори, Воинот на коњ или овие кои градат споменици на мртви животни.




Не само тоа, туку уште не прават будали и денес си го собрале цело СДСМ да им ја увеличи глупоста, па се фалат дека преку 2 илјади граѓани го виделе овој Дино парк.




Не бе лажговци, какви граѓани? Тоа се членови на СДСМ со нивните деца и внуци, демек животинските споменици многу ги сакал народот. Ама оние споменици на луѓе од нашата историја не ги сакаат затоа што биле на Груевски.
