Студен бран се приближува кон Македонија, по што Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување. Според прогнозата, најстудени денови ќе бидат четврток и петок, кога се очекува нагло заладување проследено со врнежи.

Во планинските и повисоките предели се најавуваат дожд, суснежица и снег, а кон крајот на неделата ваквото време ќе се спушти и во дел од пониските места. Скопје и поголемиот дел од земјата ќе почувствуваат силен пад на температурите и значајна промена на времето.

Кога пристигнува студениот бран

Новата облачност со дожд прво ќе навлезе во западните и северните региони, а преку ноќ ќе се прошири во целата држава, со нагло намалување на температурите и промена на ветерот во северозападен правец.

Прогноза за наредните денови

Од среда до крајот на неделата времето ќе биде постудено, а најизразено во четврток и петок. Преку ден ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места со снег. Во четврток и петок снег е можен и во некои пониски предели.

Според прогнозата на УХМР, во среда се очекува претежно облачно и посвежо време, а во централна, источна и југоисточна Македонија ќе има слаби дождови претпладне и околу пладне.
Ветерот ќе биде слаб до умерен, северозападен.
Најниската температура – од 2 до 10 степени, а највисоката – од 7 до 14 степени.

Во Скопје се очекува дожд. Минимална температура 6, максимална околу 9 степени.

Активиран метеоаларм

За југоисточна Македонија вклучен е жолт метеоаларм поради можни врнежи над 20 литри на квадратен метар во период од 12 часа.

Метеоролозите предупредуваат на можни:

  • локални поплави

  • материјална штета

  • потешкотии во земјоделските активности

  • проблеми во сообраќајот

  • појава на одрони и лизгање на земјиште

  • ризици по луѓе и животни

Прогноза за четврток

Во четврток се очекува облачно и значително постудено време. Во пониските предели врнежи од дожд и суснежица, а повремено и снег. Во планинските подрачја снегот ќе се задржи и ќе создаде нов снежен покривач.
Најниска температура: од -1 до 3
Највисока: од 1 до 6 степени.

Во Скопје се очекува суснежица, со температура од 2 до 4 степени.

Прогноза за петок

Во петок времето ќе остане облачно и студено, со дожд и суснежица во дел од Македонија, а на планините со снег. На поединечни места снег е можна и во пониските делови.

Најниска температура: од -2 до 2 степени
Највисока: од 1 до 5 степени.

Во Скопје – облачно, 2 до 4 степени.

Според УХМР, ваквото нестабилно и студено време ќе продолжи до 3 декември, со чести врнежи од дожд, а на планините со снег.