Тие Мунди Дунди ме распнале во нивно соопштение. Една јавна личност повика да се заловуваат кучињата, па за такви монструми треба ова, треба она. Така ме пишуваат. Па го нападнале и Тимчо Муцунски, зошто реагирал по објавата и желбата на јавната личност монструм…То ест јас.




Тимчо да не ти чуе. Добро направи што реагираше. А вистинските монструми сте вие Мунди Дунди Што Не Носите Бунди. А монструми сте зашто ви е се едно ако некое од тие кучиња раскине дете. Нечие дете. Мое. Твое. Наше. Ваше. Вам ви се важни џукелите дали се најадени. А ако нападнат некого, нападнатиот си го барал со бориче. Џукелата не е виновна никогаш, според вас. Тогаш кога мајка ми беше нападната, не само што беше искасана туку и ја скрши раката при падот.




Тоа попладне ќерка ми Кира беше кај неа. Сакала да излезе со неа, но мајка ми и рекла, седи дома брзо се враќам.
Во 99 посто од случаите ја зема со неа, зашто Кира сака да шета. Но ете тогаш за среќа не ја зела.




Мунди Дунди, монструми едни, лесно и ќерка ми можела да биде на местото на мајка ми. Немој да ве чујам уште еднаш да ме ставате во вашите соопштенија и да ме нарекувате монструм, оти нема да пропуштам прилика да се занимавам со вас на разни начини.




Секој нормален човек знае што зборувам и тоа нема врска со тоа дали сакам кучиња или не. Утувете во тоа вашите пореметени црпки, животите на луѓето и особено децата се поважни од секоја џукела. Приберете се малку. Никој не ви се плаши. Особено не јас. Ај сеа, мрш!

