За просечното семејство, споредбата на цените и понатаму останува најдобриот сојузник во борбата за стабилен буџет

Во првата недела на мај 2025 година, цените на земјоделските производи во Македонија варираа и до неколку стотини денари, во зависност од градот и местото на продажба – пазар или продавница. Податоците на Републичкиот завод за статистика за најчестите, најниски и највисоки цени покажуваат дека потрошувачката кошница во голема мера зависела од локацијата.

Една од најчестите и најбарани намирници – кромидот, бил најевтин, каде килограм чинел само 25 денари, додека највисоките цени биле до 75 денари. Во Скопје, кромидот најчесто се продавал за околу 45 денари, но имало и екстреми: од 27 до 75 денари за килограм.

Зелката во овој период била поскапа од кромидот во речиси сите градови. Најниската цена од 25 денари била забележана, додека највисоката достигнувала дури 85 денари.

Компирот, иако познат како „народна храна“, не бил исклучок од ценовните разлики. Најефтино се продавал (35 ден/кг), а најскапо (75 ден/кг). Најчестите цени се движеле од 45 до 60 денари, а градови како Скопје задржале стабилни средни вредности од околу 50 денари/кг.

Гравот бил вистински предизвик за семејниот буџет. Додека најниските цени биле забележани(околу 140 – 150 денари), во Скопје килограм грав достигнувал и до 300 денари. Во продавниците ширум Македонија, најчестите цени биле меѓу 185 и 200 денари, додека на пазарите достигнувале и 250 денари.

Ручекот во Македонија во 2025 година може да биде и двојно поскап во зависност од градот и местото на купување. Цената на гравот се мери со месото, а оревите веќе спаѓаат во луксуз. За просечното семејство, споредбата на цени и понатаму останува најдобар сојузник во борбата за стабилен буџет.