Дали граѓаните му откажуваат послушност на министерот за здравство Венко Филипче? Два дена по ред над 200 новозаразени од КОВИД-19. Секој ден над 800 казни од полиција за неносење на заштитини маски. Одење по ноќни клубови и концерти до утрински часови.

Граѓaните веќе не му веруваат, министертот ветуваше подобрување на ситуацијата, справување со првиот бран, ставање во функција монтажни болници. Сето од ветеното ништо не е исполнето. Македонија се уште не може да се справи со првиот бран, а вториот е на праг.

НЕСПОСОБНОСТА ИСПЛИВУВА

„Погрешните и лоши политики на Филипче ја направија Македонија црна дупка во регионот, Европа и пошироко.Погрешните и лоши политики на Филипче ја ставија Македонија на врвот на новозаболени, како и на врвот на починати лица.Сега по шест месеци почнал да прави анализи, ама за својата неспособност вината ја префрла на граѓаните.Филипче додека се занимава со парцели, куќи и згради, а и криминални тендери, граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат со корона вирусот“, пиштува во соопштението на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ од пред неколку дена.

-Неспособноста на министерството за здравство се плаќа со постојано зголемување на бројот на заразени лица! Неподносливо е дека времето на објавување на резултатите од ПЦР тестовите трае повеќе од два дена, од кои последователно се јавува доцното откривање на заразените лица и како резултат на тоа имаме постојано зголемување на бројот на заразени лица.

Ова директно го поврзува со одговорноста Институтот за јавно здравје и другите органи кои се во надлежност на Министерството за здравство кои од почетокот на пандемијата имаа една задача, за рано откривање на заразени лица, изјави денеска Генц Селмани  од Одделот  за здравство при Алијанса за Албанците.

Филипче никако да се справи со вирусот, секој ден бројките на новозаболени се се поголеми. Додека пак имаме најголема смртност во регион. Заклучно со вчерашните бројки Македонија има 18.602 заболени од КОВИД-19, а 753 смртни случаи.

Наместо министерот да одговара за своето несправување со вирусот тој ги обвинува граѓаните за зголемениот број на новозаразени.

-Се надевам дека на сите ќе ни стане јасно дека вирусот не е шега. Нема да замине додека сите не прифатиме дека е закана за сите. И по сто прес-конференции еден дел од граѓаните одбиваат да ја прифатат реалноста. Не треба да дозволиме, откако ќе се разболеме, да сфатиме колку е вирусот опасен.

Верувам дека враќањето на рестрикциите на никој не му паѓа лесно, дека се чувствувате обесправени бидејќи најголем дел ги почитуваат мерките, но имаме обврска да направиме се за заштита на јавното здравје и здравствениот систем. И тоа ќе го правиме додека не излеземе како победници, рече Венко Филипче на една од своја прес конференција.

АКТИВНИ ЖАРИШТА – ПАСИВЕН МИНИСТЕР

Министерот очекува дека граѓаните ќе ги почитуваат мерките, а тој по работни задачи заедно со премиерот Зоран Заев оди во Кочани кафе бар заедно со помладокот на СДСМ. И тоа се случува денививе кога има зголемен број на заболени.

Потоа и покрај забраните за масовни собирања, во Скопје, во омилениот „Мош бар“, потоа во “Три кичен” има само масовни журки и никакви мерки. Но, надлежните  не реагираат.

Жаришта се и градинките. По отворање на градинките без да се изврши скрининг на вработените, станаа жаришта каде што имаше позитивни вработени и деца и тоа за месец дена бројката беше голема, иако министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и министерот за здравство Венко Филипче ја смируваа јавноста дека се е во ред.

-Само 9 деца во целата земја кои посетувале градинка од отворањето на градинките на 9 септември биле позитивни на коронавирусот, со лесна симптоматологија, а 4 се веќе оздравени. Вирус е регистриран кај 13 вработени од 311 објекти во земјата.

Епидемиолошките анкети на случаите во градинките укажуваат дека главно станува збор за пренос на инфекција надвор од установите. Ова покажува дека дека доследното почитување на протоколите во рамките на установата значи безбеден воспитно-згрижувачки процес за сите. Денеска, со Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, ја посетивме градинката „Буба Мара“ во населбата Аеродром каде разговаравме со директорката и вработените како се одвива воспитно згружувачкиот процес со спроведување на протоколите напиша на ФБ статус Венко Филипче од пред неколку дена.

Позитивни и во спортски клубови. МЗТ Скопје Аеродром пред неколку дена потврди дека еден член на нивниот стручен штаб е позитивен на корона вирус, а исто така имаше и заразен во „Работнички“.
Kurir.mk