Српскиот претседател Александар Вучиќ утринава во едночасовно интервју на Телевизија Прва одговори на бројните медицински критики, но и на обвинувањата на неговите противници од опозицијата. Вучиќ рече дека не е добро што на плакатите невкусно се навредуваат лидерите на опозициските партии, како што е случајот со Павло Грбовиќ, претседателот на Движењето на слободни граѓани. Фотографијата на Грбовиќ на која тој е во усташка униформа се појави низ цел Белград и Србија.

„Никој не зборува што ми прави опозицијата и нејзините медиуми. Нашите експерти пресметаа дека 85 проценти од сите напади во дигиталната сфера беа испратени на мојот профил “, рече Вучиќ.

„Ме напаѓаат дека имам грди усни, ништо не сум направил на усните, виновна е мајка ми која ме родила така. Тоа е прашање на генетика. Ме обвинуваат дека Фахрудин Муслиу ми е татко. Во оваа прилика им велам дека татко ми се вика Анѓелко Вучиќ, а не Фахрудин Муслиу“ , рече Александар Вучиќ.

Фахрудин Муслиу е албански новинар кој долги години бил вработен во Радио телевизија на Србија, каде била вработена и Ангелина Вучиќ, мајка на претседателот на Србија.

Своевремено, по пишувањата во медиумите дека е биолошки татко на Александар Вучиќ, Фахрудин Муслиу тоа го демантираше.

„Не го познавам Александар Вучиќ. Неговата мајка беше моја колешка, но никогаш немавме ништо повеќе од фактот дека работевме заедно и бевме колеги. Ваквите изјави се само шпекулации“.

Инаку, син на Фахрудин Мусију е познатиот кошаркар Дејан Мусли, кој имаше успешна кариера во Србија и во странство. Медиумите шпекулираа и за физичката сличност на кошаркарот со српскиот претседател.